Дома Фудбал Куман: Ни треба спокој, се прави вештачка криза околу Меси

Куман: Ни треба спокој, се прави вештачка криза околу Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека Каталонците не смеат да си дозволат да станат жртва на критики.

„Барселона постојано треба да биде на врвот и кога не е, нормално е да има критики. Јас можам да се справам со критиките, но ние како тим не можиме да си дозволиме да станеме жртва на критики. Затоа треба да се вратиме на победите, бидејќи ни треба спокој“, изјави Куман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Куман ги нападна новинарите кои го прашуваа за формата во која се наоѓа капитенот Лионел Меси, после снимките за неговота „незаинтересиранот“ на мечот со Динамо Киев.

„Не сум ја гледал снимката и не сум заинтересиран за тоа. Ако сакате да правите вештачки контроверзи, тоа е ваш проблем. Меси е ментално добар, ужива во спортот“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Најголемиот предизвик во кариерата? Ливерпул и Јирген Клоп

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, трета година по ред се елиминирани од Лигата на шампионите…