Дома Фудбал Куман: Не сме загрижени за одлуката на Меси

Куман: Не сме загрижени за одлуката на Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за можното заминување на Лео Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси има право од 1. јануари да преговара со други клубови, бидејќи на лето му истекува договорот и станува слободен играч.

„Меси е добар, тренираше на 30. и 31. декември, кога останатите имаа прослави. Се чувствува добро, подготвен е и сака да игра.“ – рече Куман и додаде:

„Треба да ја согледате целата ситуација. Како и секој играч на кој му истекува договорот, слободен е сам да одлучи како сака. Ќе ја почитувам секоја одлука, не сме поради тоа нервозни или загрижени.“

Многу клубови се интересираат за Меси, но пред сите се Манчестер Сити и ПСЖ. Многу зависи и тоа кој ќе биде претседател на Барселона, а изборите се на 24. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар е нов шампион на Македонија! (Видео)

Вардар повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал, откако со минимална победа од 1…