Дома Фудбал Репрезентации Куман застана во одбрана на Де Лихт: Можеби тоа е италијанска школа

Куман застана во одбрана на Де Лихт: Можеби тоа е италијанска школа

Матијас Де Лихт синоќа повторно одигра под очекувањата во дресот на Јувентус.

Младиот Холанѓанец играше со рака во својот шеснаесетник и му овозможи на Интер да стигне до израмнување, а покрај тоа имаше уште неколку грешки.


Де Лихт во некои претходни натпревар покажуваше доза несигурност и правеше некои големи грешки, а селекторот на Холандија Роналд Куман денеска на прес конференцијата зборуваше за играчот на Јувентус и неговата игра.

„Мислам дека секако мора да се прилагоди на новиот начин на одбрана, бидејќи се разликува на начинот на кој играше во Ајакс. Можеби тоа е италијанска школа.“

„Бонучи го кажа истото, а тоа е дека мора да се прилагоди на разликите од начинот на кој играл под водство на Алегри. Мислам дека на Де Лихт му треба време. Би било чудно да нема што повеќе да учи.“ – изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСВ ја одбрани титулата во Холандија

Тимот од Ајндховен успеа да ја заокружи сезоната со одбрана на титулата првак на Холандија…