Дома Фудбал Куман до Чави: Ако сакаш да напредуваш, не продаваш играчи како Де Јонг

Куман до Чави: Ако сакаш да напредуваш, не продаваш играчи како Де Јонг

Бившиот тренер на Барселона, Роналд Куман ја коментираше ситуацијата со Мемфис Депај и Френки де Јонг, играчи кои Барселона ги продаде.

Куман му порача на актуелниот тренер Чави дека ако сака да го подобри тимот не треба да се откажува од такви играчи.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Со Френки и Мемфис имам постојан контакт. Знам во каква ситуација е Френки, но тој пред неколку дена изјави дека сака да остане. Намерата му е да продолжи да игра во Барселона и ништо друго“, изјави Куман.

„Барселона традиционално секогаш ги задржувала најдобрите играчи. Ако сакаш да напредуваш тогаш не треба да продаваш играч како Де Јонг. Исто така мислам и за Мемфис кој покажа дека е играч на нивото на Барса. Сега прашање е дали Чави го сака или не, но нема сомнеж дека е на нивото на клубот“, заклучи Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се номинираните фудбалери за „Златната топка“ (Фото)

Реномираниот француски магазин „Франс Фудбал“ објави дека овогодинешната свечена церемониј…