Откако Барселона има големи потешкотии при Роналд Куман, медиумите во Шпанија се потсетија за неговиот престој во Валенсија.
Тогаш Куман помина само неколку месеци на чело на Валенсија, помеѓу ноември 2007 година и април 2008 година и беше избркан со куп скандали.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тогаш Куман се скара со поголем дел од соблуквалната, па дури и изгрка фудбалери како Давид Албелда, Мигел Анхуло и Сантиаго Канисарес.
Години подоцна, во јануари 2014 година, Албелда напиша пророчки Твит, кој сега се исполнува.
„Гледам дека денес многу луѓе зборуваат за Куман. Се надевам дека еден ден ќе ја води Барса, за да може првенството повторно да биде изедначено“, напиша иронично Албелда.
Изгледа дека во моментов се остварува неговото пророштво и Барселона под водство на Куман бележи лоши резултати.
Hoy veo a gente hablar de Koeman. Ojalá algún día entrene al Barcelona así se igualaría algo la liga.
— david (@dalbelda) January 9, 2014
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!