Дома Фудбал Останато Куман го отпиша поради трансфер во Саудиска Арабија, а сега Бергвајн му одговори

Куман го отпиша поради трансфер во Саудиска Арабија, а сега Бергвајн му одговори

Селекторот на Холандија, Роналд Куман ја затвори вратата на националниот тим за Стивен Бергвајн откако овој фудбалер направи трансфер во Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Куман истакна дека со преселбата во Саудиска Арабија поранешниот офанзивец на ПСВ и Тотенхем покажа неамбициозност.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бергвајн сепак не остана без одговор за холандскиот селектор.

„На сакам повеќе да играм за Куман. Нема да играм за некој кој така ме опиша во медиумите. Можеше да ме повика и да ја слушне мојата приказна. Како можеше да зборува такви работи, кога воопшто не разговаравме?“, запраша Бергвајн.

„На 26 години одлучи да оди во Саудиска Арабија. Јасно е дека тоа нема врска со спортските амбиции. За него кариерата во репрезентацијата е завршена“, претходно изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…