Роналд Куман имаше неславна епизода на кормилото на Барселона, а сега застана во одбрана на актуелниот тренер Чави Ернандез.
„Да се биде тренер на Барселона е напад на вашето ментално здравје. Многу е позабавно да се биде играч на Барселона отколку тренер, а Чави, како дете на клубот, секако тоа добро го забележал“, изјави Куман.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
„Страдав од напнатост и стресот, а за разлика од Чави имав конфликт и со Жоан Лапорта. Чави дојде од Катар и ја презеде Барселона. Тој не беше навикнат на негативниот однос од медиумите и добиваше само пофалби. Но, во Каталонија печатот ви вперува пиштол. Ако работите не одат добро, виновен е тренерот“, додаде Куман.