Френки Де Јонг ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, а за неговата ситуација селекторот на Холанѓаните, Роналд Куман ја обвини Барселона.
Де Јонг со истата повреда се мачи од 3. март и од тој период одигра три натпревари за Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последен пат на теренот беше во „Ел Класико“ на 21. март кога беше заменет на полувремето и од тој момент повеќе не се врати на терените.
„За жал нема да биде спремен за три недели. Френки има историја на оваа повреда и мораме да мислиме на неговото здравје. Клубот одлучи да ризикува и сега ова е цената која ние мораме да ја платиме“, изјави Куман кој во минатото беше и тренер и фудбалер на Барселона.
Холандија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Франција и Полска. Ќе потсетиме, турнирот на најдобрите европски селекции започнува во петок со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.