Филип Кузмановски е еден од оние ракометари од кои се очекува да биде ностиел на нашата игра на претстојното Европско првенство.
Првиот натпревар на ЕП го играме утре против Словенија. На денешниот брифинг со новинарите Кузмановски ги изнесе своите очекувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Максимално сме спремни, Словенија е една многу квалитетна репрезентација. Треба да бидеме фокусирани на нашата игра. Прво треба ние самите да бидеме задоволни од нашата игра, па ќе видиме дали ќе биде доволно. Не треба да се предадеме ако изгубиме, Словенија е екстра квалитет и сите играчи им играат во најдобрите клубови во Европа. Сите знаат како ние се бориме за Македонија и ние тоа утре ќе го прикажеме на теренот“, изјави Кузмановски.
Натпреварот со Словенија го играме утре од 18:00 часот.