
Бугарија денес успеа да ја победи Македонија со 0:1 во Скопје и така да заврши како второпласирана во Лигата на Нации.
Селекторот на Бугарија, Младен Крсајиќ истакна дека било тешко да се игра пред публиката во Скопје
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Мислам дека одигравме добар натпревар и Бугарија после 4 години победи на гости. Во фудбалот не треба да се измислува топла вода. Многу е различно да се игра во клуб и репрезентација. Во репрезентацијата сте дамо седум дена, додека во клуб секој ден сте со играчите и имате прилика да пробувате нешто ново. Кога ги избрав овие играчи малку кој веруваше во нив. Кога немате резултати мора да направите рез, но секако дека вратата не е затворена и за другите играчи кои сега не се тука.
Најважно е што ја остваривме целта и останавме во Лига Ц. Заслужено победивме и ја покажавме енергијата од претходниот натпревар против Македонија. Не беше лесно да се игра натпревар пред оваа публика од 15000-20000, тешка задача беше за овие млади играчи. Но сега не треба да летаме во облаци имаме уште многу работа пред нас“, изјави Крстајиќ.