Реал Мадрид му пондил продолжување на договорот на германскиот фудбалер Тони Крос кој е има договор до 2023 година, но Крос ја одбил понудата.
Според информациите на „Марка“ Крос сака да види како ќе се развива следната сезона пред да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Крос не е незадоволен во Реал, има желба да се пензионира во Мадрид каде што пристигна во 2014 година како 24-годишник, меѓутоа не брза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од Крос Модриќ се согласи на продолжување на договорот, но договорот на Хрватот истекуваше на крајот на оваа сезона. Шпанските медиуми пишуваат дека за ситуацијата на Модриќ се е завршено и се чека само официјалната потврда.