Во викендот кој е зад нас покрај неколку други дерби средби се одигра и „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот на крајот заврши со победа од 3:1 на „кралевите“.




Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Бензема, Родриго и Феде Валверде. Валверде кој беше стрелец на вториот гол ја доби и наградата за играч на натпреварот бидејќи покрај голот завршуваше одлична работа и на средината од теренот.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Големи пофалби за Валверде после натпреварот имаше неговиот соиграч од средниот ред Тони Крос. Крос и во изјава по мечот, но и на социјалните мрежи го истакна како еден од најдобрите во светот во овој момент.




„Феде Валверде во овој момент е во топ 3 фудбалери во светот“, гласи пораката на Крос.




Ќе потсетиме, Реал Мадрид со триумфот во „Ел Класико“ остана единствената непоразена екипа во Ла Лига и сега има три бода предност во однос на Барселона.