Дома Фудбал Лига на шампиони Крос: Анчелоти во продолженијата не праша кого би требало да замени

Крос: Анчелоти во продолженијата не праша кого би требало да замени

Реал Мадрид вчера во епско полуфинале успеа да се избори за финале против Ливерпул.

Марез го доведе Сити во предност во 73. минута, а Реал Мадрид успеа да направи пресврт во самата завршница. Родриго во 90. минута го постигна првиот гол, а само минута подоцна и вториот со кој натпреварот отиде во продолженија. Во продолженијата Карим Бензема од пенал ги постави конечните 3:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После натпреварот се огласи фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос. Германскиот репрезентативец играше до 68. минута кога беше заменет од двојниот стрелец Родриго.

„Мислам дека оваа сезона 26 пати испаѓавме сезонава од Лигата на шампионите и 26 пати се враќавме. Тешко ми е да објаснам што се случи на крајот на натпреварот. Анчелоти не праша нас постарите играчи кого би требало да менува во продолженијата. Тоа само покажува најдобро каков тренер и зошто толку добро го води тимот“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…