Летонецот Даинис Криштопанс веќе неколку месеци не е играч на Вардар.
Криштопанс имаше договор да остане во Вардар до крајот на сезоната, па потоа да се приклучи на ПСЖ меѓутоа поради финансиската ситуација тој предвреме си замина и некое време помина во Фуксе Берлин. Сега пред да започне неговата авантура во ПСЖ новинарите се уште го прашуваат за Вардар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој имаше интервју за рускиот медиум „Брз центар“ во кое помеѓу другото зборуваше Вардар.
„Вардар ми должи пари, Самснонеко вети дека ќе ми исплати се до крајот на година. Се надевам ќе биде така. Последен пат со некој од Вардар разговор со Глеб Калараш додека бевме во Берлин во карантин“.
Криштопанс отворено зборуваше и каква била атмосферата пред да замине.
„Атмосферата беше се потажна, слушавме ветувања кои не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајовски ќе го превземе клубот. Него повеќе го интересираше што ќе се случува наредната сезона, тогаш дојде понудата од Берлин и ја прифатив“, изјави Криштопанс.