Eден од најдобрите полски фудбалери во својата татковина на новинарите им откри дека се соочил со големи потешкотии во Париз поради тешките задачи кои биле побарани од него.
Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери со себе од Севиња на „Паркот на принцовите“ го доведе Грегори Криховјак, но со пристигнувањето на Крачовијак во клуб со поголеми амбиции се зголемиле и очекувањата на Емери за фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според изјавата на фудбалерот Емери очекувал од него да игра како Бускетс.
„Емери бараше од мене да го глумам Бускетс. Јас не сум таков тип на фудбалер и не можев да одговорам на тие барања. Изгледа дека ги прецени моите можности и очекуваше да направам нешто што не можев, иако претходно успешно соработувавме. Тоа е причината поради која си заминав“, изјави полскиот фудбалер.
Криховјак во финишот од преодниот рок потпиша за тимот на ВБА.