Дома Фудбал Франција Критики за Нејмар: Намерно добил црвен картон?

Критики за Нејмар: Намерно добил црвен картон?

Пари Сен Жермен вчера оствари победа од 2:1 против Стразбург, но до победата „светците“ дојдоа многу потешко од очекуваното.

Имено, имаа фудбалерите на ПСЖ водство по првото полувреме и тоа откако Маркњиос погоди на асистенција на Нејмар. Сепак, во 51. минута истиот играч си постигна автогол.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нејмар се најде во центарот на вниманието кога во период од две минути во 61. и 63. минута доби два жолти картони и предвреме го заврши натпреварот.

Првиот жолт картон Нејмар го заработи поради прекршок, а вториот поради обид да изнуди пенал со симулирање. Иако со играч помалку ПСЖ на крајот до победата дојде со голот на Мбапе од пенал во 95. минута.

Но, по исклучувањето јавноста смета дека Нејмар црвениот картон го испланирал. ПСЖ следниот натпревар го игра на 1. јануари, па многумина сметаат дека црвениот картон Нејмар го заработил за да се ослободи еден ден по дочекот на новата година.

Во ваквите критики се додава дека и добивање црвен картон за да се „ослободи“ не му е првпат на Нејмар во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…