Германската репрезентација немаше успешен настап на Еропското првенство, а еден од фудбалерите кои добиваат критики по настапот е Тони Крос.
Голем дел од јавноста смета дека Крос одиграп од своето ниво. Такво мислење имаше и Ули Хенес, а со него се согласува и легендарниот Лотар Матеус кој често пати зборува без „влакна на јазикот“. За него Крос повеќе не е класа фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Крос повеќе не е класа за меѓународно ниво. Немам ништо лично против него, но не играше како што се очекуваше. Кога ја додававеш топката тоа беа бавни додавања и се губеше на драгоцено време. Со бавни додавања и не можете да создавате простор“, смета Матеус.
Крос на клупски план со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои додека со репрезентацијата најголем успех му е триумфот на СП во 2014 година.