Дома Фудбал Италија Критики за Ибра: Тој е најдобар доказ дека пријателството во фудбалот не ви значи ништо

Критики за Ибра: Тој е најдобар доказ дека пријателството во фудбалот не ви значи ништо

Искусниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на оваа година потпиша за Милан во кој пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ЛА Галакси.

Ибра со Милан потпиша соработка до крајот на оваа сезона со можност истата да биде продолжена на уште една година. Овој 38 годишен напаѓач одигра шест натпревари за Милан и постигна три гола и засега покажа дека ќе биде големо засилување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неговото доаѓање на „Сан Сиро“ многу се шпекулираше за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Се споменуваа разни клубови, а во еден момент изгледаше дека ќе заврши во Болоња.

Трансферот на Ибрахимовиќ во Болоња изгледаше возможен поради пријателството на Ибра со тренерот на италијанскиот клуб, Синиша Михајловиќ. Меѓутоа на крај и покрај тоа Ибрахимовиќ на крајот заврши во Милан. Сабатини сега порача дека овој случај е доказ дека пријателството во фудбалот не значи многу.

„Зборувавме со Ибрахимвоиќ. Се надевавме дека нивното пријателство ќе пресуди да ја избере Болоња. Меѓутоа во фудбалот пријателството не ви значи ништо и тоа Златан најдобро го покажа“, изјави спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …