Дома Фудбал Италија Критики до сојузот од Бергамо: Немаме доволно гробови за жртвите, а вие мислите на фудбал!

Критики до сојузот од Бергамо: Немаме доволно гробови за жртвите, а вие мислите на фудбал!

Водачот на навивачите на Аталанта, Клаудио Галимберти Боча порача дека во Бергамо сега никој не може да мисли на фудбал.

Во Италија нема точен датум кога сезоната би можела да продолжи, меѓутоа Боча испрати порака дека на Аталанта и покрај тоа што имаше фантастична сезона тешко може да продолжи да игра фудбал во вакви услови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Боча испрати порака да не се форсира со датуми за продолжување на сезоната.

„Како можете да мислите на фудбал во овие моменти!? Луѓето околу нас умираат, а вие размислувате за фудбалот! Во Бергамо нема доволно гробови да ги закопаме жртвите, додека тие мислат да ја продолжат лигата. Мислите ли навистина дека на некого му е до фудбал? Бергамо не го интересира фудбалот сега“, изјави Боча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Тренерот на Селта Клаудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона расно го навредувал…