Фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо после Светското првенство не играше во дресот на селекцијата на Португалија, но негово враќање се очекува наредниот месец.
Роналдо во договор со селекторот на Португалија донесе одлука да не настапува на неолку натпревари во Лигата на Нации за што доби големи критики. Дури и УЕФА го предупреди Роналдо дека на тој начин не смее да го избегнува нивното ново натпреварување и изгледа критиките вродија со плод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми утрово објавија дека Роналдо скоро сигурно ќе биде на списокот на Фернандо Сантош за наредниот натпревар кој Португалија го игра против Италија, во Милано. Натпреварот се игра на 17-ти ноември на „Сан Сиро“, а изгледа Сантош после пауза од неколку месеци повторно ќе смета на најдобриот играч.
Роналдо во дресот на Португалија одигра 154 натпревари и постигна 85 погодоци.