Дома Фудбал Кристијано Роналдо ризикуваше да биде уапсен поради тоа што го направи за време на прославата на голот

Кристијано Роналдо ризикуваше да биде уапсен поради тоа што го направи за време на прославата на голот

Најдобриот светски играч Кристијано Роналдо постигна гол и го однесе Ал Наср во финалето на Купот на шампионите, но начинот на кој славеше беше скандалозен од арапска перспектива.

Во полуфиналето Ал Наср успеа да го победи Ал Шора минимално со 1:0 и да се пласира во големото финале.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Херој беше Кристијано Роналдо, кој постигна гол од пенал во 75. минута и со тоа го однесе својот тим понатаму.

Во големото финале Ал Наср ќе игра против големиот ривал Ал Хилал кој со 3:1 го победи Ал Шабаб.

Големото финале се игра во сабота од 20 часот и Роналдо секако ќе биде во центарот на вниманието.

Покрај него за Ал-Наср играат Марсело Брозовиќ, Садио Мане и Секо Фофана. Сега им претстои судир против тимот на кој играат големи европски ѕвезди како Малком, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Калиду Кулибали.

Сите беа донесени за над 160 милиони евра летово во клубот кој се обиде да ги доведе Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Инаку, Роналдо сега предизвика многу реакции поради начинот на кој го прослави голот. Не зборуваме за познатото „Сиуууу“ туку за гестот што му претходеше и кој е забранет во Саудиска Арабија, а тоа е знакот на крстот.

Имено, јавното изразување на христијанската вера е забрането во арапската држава, а во овој случај Португалецот ризикуваше дури и да биде уапсен бидејќи може да биде обвинет дека практикува сопствена религија.

Сепак, со оглед на статусот на Кристијано Роналдо во светот, веројатно нема да следат санкции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…