Данскиот репрезентативец, Кристиан Ериксен одлучи да го напушти Тотенхем.
Eриксен неодамна се појави во скандал, бидејќи наводно неговата жена го изневерувала со неговиот соиграч Вертонген, но набрзо тоа се испостави дека не е вистина. Се разбира, не е само тоа што го потресе Данецот, а поразот од Баерн (7:2) во Лондон во Лигата на Шампионите даде јасна слика за амбициите и можноста на Тотенхем оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот играч чувствува дека е време да си оди од Тотенхем, а тоа се повеќе го сака, бидејќи е свесен за интересот од Мадрид. Неговиот агент наводно е во преговори со Реал, а се би можело да биде завршено во јануарскиот трансфер период. Ериксен влезе во своите последни 12 месеци од договорот со Тотенхем и во јануари би можело да биде идеална прилика за англискиот клуб да го продаде и да заработи нешто од својот најдобар играч.
Поранешниот играч за врска на Ајакс одамна изрази желба за нов предизвик, но на лето не успеа да си замине.