Дома Фудбал Останато Кристиано Роналдо е најплатен фудбалер во светот

Кристиано Роналдо е најплатен фудбалер во светот

Кристиано Роналдо, кој моментно игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, е најплатениот фудбалер во светот за 2024 година според рангирањето на магазинот „Форбс“.

Роналдо во оваа 2024 година ќе заработи неверојатни 285 милиони долари. Од договорот со Ал Наср, Португалецот ќе инкасира 220 милиони, додека преостанатите 65 милиони се од спонзорските договори.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Интересно е тоа што Роналдо е на врвот на најплатени фудбалери по шести пат во последните 10 години.

На второто место е аргентинскиот напаѓач на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, со 135 милиони долари (60+75). Третото место го зазема бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал-Хилал, Нејмар, кој заработил 110 милиони долари.

Во Европа најплатен фудбалер е Килијан Мбапе со заработка од 90 милиони долари, а по него следуваат Ерлинг Халанд со 60 милиони, Винисиус Жуниор 55 милиони, Мохамед Салах со 53 милиони, неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Садио Мане зараборува еден милион помалку во Ал Наср, а десетте најплатени фудбалери ги комплетира Кевин де Брујне со заработка од 39 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каралсен со огромна грешка изгуби од светскиот шампион, па буквално збесна (Видео)

Во шестото коло од големиот турнир на врвни шахисти во норвешкиот град Ставангер се судриј…