Дома Фудбал Останато Криза? Роналдо станува првиот фудбалер милијардер!

Криза? Роналдо станува првиот фудбалер милијардер!

Напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо ќе стане само третиот спортист кој во кариерата заработил милијарда долари, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

35 годишниот португалски репрезентативец е третиот на списокот после голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо магичната граница ќе ја помине во текот на 2020 година и покрај намалувањето на платите во Јувентус поради прекинот на сезоната и пандемијата со коронавирусот.

Португалецот кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, а подоцна играше во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и од летото 2018 е во Јувентус.

Истиот извор наведува и дека Роџер Федер ќе биде првиот милијардер помеѓу тенисерите оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити официјално го претстави Донарума

Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер С…