Дома Македонски спорт Мак фудбал Криза во Струга: Лидерот и петти натпревар без победа!

Криза во Струга: Лидерот и петти натпревар без победа!

Никако екипата на Струга да излезе од кризата, актуелниот лидер на табелата веќе петти натпревар е без победа. Денес ремизираа со Работнички, но имаа среќа што ремизираше и Шкендија со Академија Пандев па така бодовната разлика на табелата остана ист.

Шаркоски погоди за водство на „романтичарите“ од 1:0. Шабани на 20-тина минути се погрижи за бод на лидерот на табелата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со истиот резултат заврши и средбата во Тетово помеѓу Шкендија и Академија Пандев. Љупче Дориев ја погоди мрежата на „пандевци“ уште во деветтата минута, но гостите од Струмица преку Мартин Ѓоргиевски изедначија во второто полувреме.

Победа на свој терен беше поразена од Македонија Ѓорче Петров со 1:3. Абази погоди после 28 минути игра, Победа изедначи само четири минути подоцна. Двата гола во второто полувреме за „лавовите“ ги постигнаа Скендери и Алексовски.

Тиквеш во Штип против Брегалница славеше победа од 2:1 со пресврт во вториот дел. Штипскиот тим до водство стигна уште во четвртата минута преку Милан Ѓокиќ. Пресвртот Тиквеш го направи вториот дел со погодоците на Љупче Кудев и Мишов.

Фото: ФК Струга

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…