Дома Фудбал Англија Криза во Манчестер Јунајтед: На „Олд Трафорд“ нудат пари за отказ

Криза во Манчестер Јунајтед: На „Олд Трафорд“ нудат пари за отказ

Манчестер Јунајтед успеа колку-толку да ја извади сезоната со освоениот трофеј во ФА Купот кој им обезбеди и излез во Лигата на Европа следната сезона.

Новиот ко-сопственик на клубот, Џим Ретклиф, има план да го врати клубот на старите победнички патеки и за таа цел спроведува одредени промени. Сепак, сега се одлучил и на низненадувачки потег со администрацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека вработените добиле доверлив мејл, кој сепак завршил во јавноста.

Имено, целта на Јунајтед е да ги намали трошоците, а тоа планираат да го направат со намалување на бројот на вработени. На овој начин славниот клуб ќе успее да го задоволи и финансискиот фер-плеј. Во извештајот за штотуку завршената сезона стои дека Јунајтед е во загуба од 50 милиони евра.

Затоа одлучиле да им предложат на вработените годишните бонуси да им ги исплатат порано под услов да си дадат отказ. Да донесат одлука вработените имаат рок од седум дена. Ваквата понуда вклучува повеќе од 1.000 вработени во клубот, но не и оние во стручниот штаб или фудбалерите, туку само вработените на пониските позиции во администрацијата и младинската школа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…