Дома Фудбал Останато Крај: Франк Рибери ја заврши кариерата

Крај: Франк Рибери ја заврши кариерата

Легендарниот француски фудбалер, Франк Рибери одлучи дефинитивно да стави крај на кариерата.

 Рибери се уште е член на Салернитана и има договор до јуни, но сепак одлучи да го раскине договорот и да стави крај на кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


39-годишниот Французин блесна во Марсеј, а својата афирмација ја доживеа во Баерн Минхен каде освои се што можеше да се освои.

Потоа се одлучи на авантура во Италија каде настапуваше за Фиорентина, а минатата сезона за Салернитана.

Рибери ќе биде запаметен и по неговото лице со лузна кое го одбележа неговиот живот, а за француската репрезентација одигра 81 меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…