Дома Трансфер зона Крај на сагата: Роналдо останува во Јунајтед, понуда пристигнала само од Саудиска Арабија

Крај на сагата: Роналдо останува во Јунајтед, понуда пристигнала само од Саудиска Арабија

Како што стојат работите Кристиано Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед, иако тоа не е по негова желба.

„Атлетик“ пренесува дека заминувањето на Роналдо сега кога се врати на тренинзите, пред самиот почеток на Премиер лигата е скоро невозможно. Кога Роналдо досега не успеа да пронајде клуб, јасно е дека во наредната сезона ќе го гледаме во Манчестер, потврдил изворот на „Атлетик“.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Информациите се дека Манчестер Јунајтед за Роналдо добил само една конкретна понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија кој на Португалецот му понудил рекордна плата.

Сезоната во Англија започнува овој викенд, па ќе видиме дали после пропуштените припреми Роналдо ќе биде во прв план кај тренерот Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…