Дома Трансфер зона Крај на сагата: Ибра потпишува во наредните 24 часа!?

Крај на сагата: Ибра потпишува во наредните 24 часа!?

Британски „Сан“ ексклузивно пренесува дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе го добие потписот на Златан Ибрахимовиќ!

Ибрахимовиќ моментално е слободен агент, па иако имаше понуди од бројни европски клубови, сепак Швеѓанецот одлучи да остане во Манчестер Јунајтед и да го продолжи договорот на уште една година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ибрахимовиќ заработи тешка поврда на крајот на минатата сезона, ги скина вкрстените лигаменти, по што му предвидуваа и крај на кариерата со оглед на фактот што напаѓачот наскоро ќе наполни 36 години.

Меѓутоа, Ибра експресно се опоравува од повредата, па се очекува веќе во октомври да се врати на фудбалските терени, а тоа ги натера „црвените ѓаволи“ да му понудат нов договор.

„Сан“ пренесува дека во наредните 24 часа Ибрахимовиќ ќе стави потпис на нов договор и следната сезона повторно ќе го гледаме во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…