Легендарниот италијански стратег, Марчело Липи денес на 72-годишна возраст стави крај на својата богата тренерска кариера, откако една година остана без ангажман.
„Дефинитивно завршив со тренирањето. Доста беше. Можеби би можел да бидам корисен во други улоги, но ништо пред пролетта“, изјави Липи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Липи најголемите успеси го постигна во Јувентус каде беше тренер во два наврати и ја освои Лигата на шампиони со „старата дама“ во 1996 година.
Седеше уште на клупата на Интер, Наполи, а последниот ангаман му беше селектор на кинеската репрезентација.
Со италијанската репрезентација го освои Светското првенство во 2006 година.