Дома Топ вести Крај на една ера: Бускетс после 15 години ја напушта Барселона

Крај на една ера: Бускетс после 15 години ја напушта Барселона

Како што стојат работите Серхио Бускетс на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона и воопшто нема да преговара за нов договор.

Најавите се дека Бускетс кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Овие информации ги тврди каталонскиот „Спорт“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс на крајот од сезоната ќе ја прифати понудата од Интер Мајами и ќе се пресели во САД. Тој е подготвен за нова авантура на 34 години. Има мала можност Чави да го убеди да остане уште една сезона, но ќе биде многу тешко да ја промени одлуката“, објави „Спорт“.

За Барселона Бускетс дебитираше во 2008 година и со овој клуб освои 30 трофеи. Бускетс е и третиот најтрофеен играч на Каталонците после Меси (35 трофеи) и Андрес Иниста (32) трофеи.

Дресот на Барселона го носеше на 684 натпревари во кои постигна 18 гола и подели 43 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Иван Тони: Мојот клуб од Саудиската лига би се борел за врвот на Премиер лигата

Англискиот напаѓач Иван Тони изјави дека Саудиската Про Лига со квалитет речиси се изеднач…