Дома Останати Тенис Крај за Шарапова на УС Опен

Крај за Шарапова на УС Опен

Руската тенисерка Мариа Шарапова се опрости од овогодинешното издание на УС Опен со пораз во осминафиналето.

Шарапова синоќа играше против шпанската тенисерка Суарез-Наваро која полесно од очекувањата стигна до победата и пласман во четвртфиналето. Првиот сет Суарез-Наваро го доби со 6:4 после 44 минути игра каде Шарапова не покажа скоро ништо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Се очекуваше во продолжение на натпреварот Шарапова да го пронајде својот ритам и да се врати во натпреварот, но тоа не се случи.Во другиот сет Русинката ги освои само три гејма и така неславно се опрости од настапот на УС Опен.

Шпанската тенисерка во четвртгфиналето ќе игра против домашната тенисерка Мадисон Киз, која вчера со 2:0 славеше против Доминикa Чибулкова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Импресивниот Алкараз обезбеди полуфинале на Индијан Велс, Шпанецот ги стигна Ѓоковиќ и Надал

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во петтото последователно полуфин…