Дома Македонски спорт Мак фудбал Кратово останува неосовоиво за Пандевци! (ВИДЕО)

Кратово останува неосовоиво за Пандевци! (ВИДЕО)

Денес во рамките од 18. коло во македонската прва фудбалска лига својот натпревар го одиграа Силекс и Академија Пандев.

Академија Пандев во овој натпревар влезе со надеж дека ќе ја прекине црната серија без победа, но тоа не се случи Кратовчани пред своите гледачи славеа со 3:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На стартот од натпреварот немаше многу возбудувања, Силекс до предност стигна во 41. минута после една добра акција во која езгекутор беше Серафимовски.

До дуплирање на водството домаќините стигнаа во 61. минута кога Додев погоди. Мала надеж на Пандевци даде голот на Миловановиќ само две минути подоцна.

Ако имаше некакви надежи за гостите тие се загубија во кога Драшковиќ после еден корнер постигна гол за конечни 3:1.

Со овој триумф Силекс ја продолжи катастрофалната низа на Академија Пандев од седум натпревари без победа. Последен пат Струмичани славеа против Македонија Ѓорче Петров во октомври.

Инаку, ова беше шесто гостување на Академија Пандев во Струмица и се уште ќе чекаат на првата победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…