Герет Бејл пристигна во Реал во 2013 година за тогаш рекордни 100 милиони евра.
Meѓутоа во Мадрид тој се почесто е повреден и поради тоа би можел да биде продаден. „Diario Gol“ пренесува дека Реал е спремен да го продаде Бејл и тоа за сума од 90 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Велшанецот претходно покажаа Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
За Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед оваа сума не е проблемм додека Тотенхем би можел да го доведе во размена за Хари Кејн кој наводно е мета на „кралевите“.
Во изминатите пет сезони, Бејл за Реал одигра 170 натпревари и постигна 70 погодоци. Оваа сезона запиша само 10 натпревари.