Дома Фудбал Останато Крадци влегле во домот бразилската ѕвезда од ПСЖ однеле еден милион евра!

Крадци влегле во домот бразилската ѕвезда од ПСЖ однеле еден милион евра!

Стоперот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва бил шокиран откако неговиот дом бил мета на крадци кои си заминале со скапоцености во вредност од еден милион евра!

ПСЖ вчера играше натпревар со Нант кој „светците“ го добија со 1:0. Токму додека Силва го играл овој натпревар крадците си ја „завршиле“ работата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во овој момент полицијата во Париз работи на разоткривање на сторителите и засега не е јасно како се случил грабежот.

Посебно чудно е што Силва живее во елитен дел од Париз кој е добро обезбеден и ваквите работи се навистина реткост.

Бразилскиот стопер остана без накит, скапоцености и часовник кој имал вреднсот од 600.000 евра. Според проценките вредноста на целиот „плен“ на сторителите изнесува еден милион евра.

Ќе потсетиме, минатиот месец беше ограбен соиграчот на Силва, Чупо Мотинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…