Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери конечно одговори на прашањето поврзано со изведувањето на пенали во неговиот тим, но дали оваа негова изјава би можела да внесе дополнителни проблеми?
Кавани и Нејмар според француските медиуми биле на работ на физичка пресметка, а до овој момент Кавани не му дозволуваше на Нејмар да изведе удар од белата точка.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во француските медиуми како што кажавме многу се пишуваше за овој нивен конфликт, а новинарите пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите, помеѓу ПСЖ и Баерн го запршаа Емери кој ќе биде идниот изведувач на пеналите, а тој даде политички одговор.
„Многу фудбалери во нашиот тим се способни да изведуваат пенали, многумина и сакаат тоа да го прават. Кавани и Нејмар се спремни, ќе има многу пенали и ќе ги изведуваат двајцата. Разговарав со нив и им соопштив како треба да се одвиваат работите“, изјави Емери.
Да потсетиме, ПСЖ вечерва на свој терен го игра дербито на колото во Лигата на шампионите против тимот на Баерн Минхен и веројатно неутралните фудбалски фанови, посакуваат пенал за ПСЖ со што би ја виделе реакцијата на двете големи ѕвезди.