Јувентус ова лето одработи одличен преоден рок.
Секако, доаѓањето на Кристиано Роналдо е најголемиот трансфер на „старата дама“, но Португалецот не е единствен „новајлија“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Торино оваа сезона ќе игра уште еден негов сонародник, Жоа Кансело, пристигна за 40 милиони евра од Валенсија и се очекува да биде прв избор на позицијата десен бек. Тука е и повратникот Леонардо Бонучи, како и Емре Чан од Ливерпул. Јувентус поради заминувањето на Буфон го доведе и младиот голман Перин од Џенова.
Покрај засилувањата, Јувентус ги задржа и најдобрите играчи заминаа само оние кои беа означени како „вишок“, со исклучок на Матија Калдара кој навивачите очекуваа оваа сезона да добие шанса. Игуаин после доаѓањето на Роналдо и со оглед на тоа дека и Манџукиќ е тука и не е некоја голема загуба.
Реномираната „Газета дело Спорт“, поради тоа објави статија на тема „вториот тим на Јувентус“ и го нарече застрашувачки, а има и зошто.
Кога ќе се погледнат имињата на играчите кои не се во прв план кај Алегри и се резервисти јасно е зошто „старата дама“ и оваа година е прв фаворит за Скудетото, но се очекува и далеку да стигне во Лигата на шампионите.
VIDEO La "squadra B" della Juve? Impressionante… https://t.co/nf8S8HJpca #calcio #news pic.twitter.com/v8gvRl1TG4
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) August 11, 2018