Дома Фудбал Италија Кој тренер колку заработува во Серија А? – Еден од најдобрите на големо ПОТЦЕНЕТ!

Кој тренер колку заработува во Серија А? – Еден од најдобрите на големо ПОТЦЕНЕТ!

Италијанската Серија А ги објави платите на тренерите во најсилното италијанско првенство, а помеѓу нив имаше и едно големо изненадување.

Претпоставувате, на врвот се наоѓа Масимилијано Алегри. Кога Алегри пристигна во клубот прифати плата од 2.5 милиони евра, подоцна таа беше зголемена на 5, во текот на летото кога продолжи договорот и на седум.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На второто место место се наоѓа Лучијано Спалети кој во Интер пристигна од Рома, тој има договор на две сезони со плата од четири милиони евра, Монтела работи за три, Ди Франческо за два, а „петката“ ја затвара Синиша Михајловиќ кој има договор до крајот на сезоната и заработува 1.5 милион евра.

Каде е Маурицио Сари!?

Според многумина и најдобриот тренер во Серија А. Тој се наоѓа на шестата позиција со плата од 1.4 милион евра посезона. Само за споредба, Пеп Гвардиола во Англија заработува десет пати повеќе од него. Но, во Наполи Де Лаурентис зголемувањето на платата и продолжувањето на договорот го условува со резултатите на клубот.

Со оглед на резултатите на Лацио и Симоне Инзаги е исто така потценет. Инзаги добива 1.3 милион евра, колку и Гасперини во Аталанта. Донадони кој веќе е долго време во Болоња од американските сопственици добива 1.2 милион, додека тренерот на Фиорентина, Пиоли добива нешто повеќе од еден милион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Астон Вила му нанесе удар на Манчестер Сити

Астон Вила го продолжи својот прогрес и ја запиша четвртата последователна победа во Преми…