Трката за шампионската титула во Англија е и тоа како интересна овие два тима ќе се „тркаат“ до самиот крај.
Ливерпул вчера однесе победа против Челзи од 2:0 и се врати на лидерската позиција на табелата, но со натпревар повеќе во однос на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити ја има судбината во свои раце и доколку не „кикснат“ ќе ја одбранат титулата. Меѓутоа за разлика од Ливерпул тие имаат потежок распоред во кој не смеат да си дозволат ниту еден кикс.
„Црвените“ до крајот не ги чека ниту едно дерби додека Манчестер Сити има два незгодни натпревари против Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Ливерпул до крајот на сезоната има натпревари против Кардиф на гости, потоа дома со Хадерсфилд, гостување кај Њукасл и дома против Вулверхемптон. Њукасл кој од клупата го води Рафа Бенитез е прилично сигурен на табелата, Хадерсфилд е веќе испаднат, Вулверхемптон се бори за излезе во Европа, додека Кардиф е во тешка борба за опстанок.
Сити веќе во викендот кој следи го чека натпревар со Тотенхем кој се бори за место во Лигата на шампионите, а потоа и градското дерби со Манчестер Јунајтед кој исто така „брка“ пласман во топ 4.
Доколку Сити успее да слави во овие два натпревари тогаш веќе би ја ставил едната рака на трофејот бидејќи до крајот ќе играат уште со Барнли, Лестер и Брајтон, клубови кои тешко би можеле да ги запрат. За тимот на Пеп мал проблем би можел да биде што во последните пет натпревари имаат три гостувања, а тука е и натпреварот против Тотенхем во ЛШ. Во случај „гаѓаните“ да бидат елиминирани сигурно дека постои можност тоа лошо да се одрази во натпреварите од Премиер лигата.
Кога во прашање е формата, Ливерпул е во серија од пет победи, додека Сити веќе девет натпревари не знае за пораз.