Дома Трансфер зона Кој потроши најмногу ова лето?

Кој потроши најмногу ова лето?

Тимовите од две лиги потрошија повеќе пари во текот на летото од тимовите од Премиер лигата.

На 2. септември беше завршен трансфер периодот во голем дел од европските лиги, претходно уште на 8. август завршен беше трансфер периодот во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реномираната „Марка“ направи пресметка и дојде до заклучок дека тимовите од шпанската Примера и италијанската Серија А ова лето потрошија повеќе од екипете од најелитниот англиски ранг.

Шпанците и Италијанците ова лето ги срушија сите рекорди, во Примера клубовите на засилувања потрошија 1,319 милијарди евра, додека клубовите од Серија А потрошија 1,178 милијарди.

Реал потроши најмногу во Европа, на засилувања издвоија 305 милиони евра, ги следат уште два тима од Примера, Барселона потроши 255 милиони евра и Атлетико 243 милиони.

Во 10 клубови се и Јувентус (189), Манчестер Сити (168), Манчестер Јунајтед (159), Севиља (158), Арсенал (152), Астон Вила (148) и Интер (138).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …