Минатиот викенд беше спуштена завесата во најдобрите лиги во Европа, што значи дека ги имаме поголемиот дел од учесниците во Лигата на Шампионите.
Шампионските титули ги освоија Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, Монако, Спартак Москва и Шахтјор и токму овие екипи завземаат место во првиот шешир, по правилата од пред две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се однесува за вториот шешир, по долго време, во него се наоѓа Барселона, а покрај неа, тука се и Атлетико Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Порто и доколку се пласираат – Манчестер Јунајтед и Севиља.
Во третиот шешир, очекувано, се уште не ги знаеме сите учеснии, но овде сигурни се Тотенхем, Базел и Андерлехт кои сигурно обезбедија пласман. Се очекува дека во текот на квалификациите учество во третиот шешир ќе обезбедат и повратникот Ливерпул, потоа Наполи, Ајакс, Олимпијакос и Динамо Киев.
Во четвртиот шешир за сега се Рома, Лајпциг и Феенорд, потенцијални екипи за во овој шешир уште се Селтик и Ница.
Првиот шешир е составен од шампионите, а во вториот сигурни се Барса, Атлетико, ПСЖ, Сити како и третиот Ливерпул, Тотенхем, па може да ја имаме потенцијалната група на смртта – Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул/Тотенхем, Рома.
Вака за сега изгелдаат потенцијалните шешири во Лигата на Шампионите:
Шешир 1: Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, Монако, Спартак Москва, Шахтјор.
Шешир 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Порто, *Манчестер Јунајтед, *Севиља.
Шешир 3: Тотенхем, *Ливерпул, *Наполи, Андерлехт, Базел, *Ајакс, *Динамо Киев, *Олимпијакос.
Шешир 4: Рома, Лајпциг, Феенорд, *Селтик, *Ница, ???