Aтлетико Мадрид во овој момент е лидер во шпанското првенство, а големи заслуги за таа позиција на „јорганџиите“ има одбраната предводена од Јан Облак.
Диего Симеоне потворно од Атлетико направи еден силен тим. Атлетико во првите 11 натпревари прими само четири гола, единствениот пораз им го нанесе Реал во градското дерби.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега е објавена графика која ни покажува колку Јан Облак е доминантен голман. Според оваа пресметка на противниците против Атлетико потребни им се во просек 28 удар за да постигнат гол.
Оваа статистика добива уште повеќе на значење ако се знае дека на второто место е Кејлор Навас кој прима гол на секој 15. удар. Иако е втор Навас е далеку зад чудесниот Облак.
Најлош во оваа статистика е голманот на Торино, Салваторе Сиригу кој прима гол после секој четврти удар кон неговиот гол.
На графиката се претставени и клубовите кои постигнуваат најмногу голови. Според таа стиатика најуспешен е Интер, па следи интересно Торино. Интер постигнува гол на секој четврти удар, а Торино е на 4.5.
Најслаби тука се Барнли и Шалке на кои им се потребни 17.5, односно 16.8 удари по натпревар за постигнување на погодок.