Дома Фудбал Останато Кој е најголем „губитник“ со одлуката оваа година да не се доделува „Златната топка“?

Кој е најголем „губитник“ со одлуката оваа година да не се доделува „Златната топка“?

За првпат после 64 години оваа година нема да се доделува „Златната топка“.

Магазинот „Франс Фудбал“ објави денес дека оваа година нема да го има традиционалното доделување на „Златната топка“. Во краткото соопштение како причина се наведува коронавирусот и големиот прекин кој се случи во фудбалските првенства.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа одлука се донесе и затоа што некои првенства беа приморани да ги прекинат натпреварувањата уште во март, ПСЖ не игра во Лига 1 од тогаш, а се прекинаа и шампионатите во Холандија и Блгија.

Во јавноста се смета дека со оваа одлука најмногу оштетен е Роберт Левандовски кој освои двојна круна во Германија и е прв стрелец во Европа и Лигата на шампионите, а со Баерн е во игра и да стигне до тронот во најелитното клупско натпреварување.

Ќе потсетиме, минатата година оваа награда ја доби Лионел Меси по исторски шести пати, па така „Златната топка“ ќе биде во негова сопственост до крајот на 2021 година. Меси за оваа година не беше помеѓу фаворитите затоа што и понатаму е без трофеј, а со ваква игра тешко е да се верува дека Каталонците можат да дојдат до Лигата на шампионите.

Исто така Роналдо нема баш најдобра година со Јувентус, додека Ливерпул многу изгуби со раната елиминација од Лигата на шампионите.

Кога се ќе се собере изгледа дека најголем „губитник“ со оваа одлука на „Франс Фудбал“ е полскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…