Кога во прашање се европските натпреварувања, доминацијата на шпанските клубови е завршена.
Манчестер Јунајтед успеа во финалето од Лигата на Европа да го совлада холандски Ајакс со 2:0 и така да стигне до својот прв трофеј во ова натпреварување со што ја прекина доминацијата на шпанските клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, шпанските клубови во претходните три сезони секогаш ги освојувале сите трофеи во европските натпреварувања, Лигата на Европа, Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.
Реал Мадрид (два пати) и Барселна ја освоија Лигата на шампионите, а Севиља три години во низа славеше во Лигата на Европа.
Поминаа точно 1363 ден од кога Челзи на пенали беше поразен од Баерн Минхен во финалето на, односно од кога еден тим од Шпанија не освоил некое европско натпреварување.
Ќе видиме дали шпанските тимови ќе започнат нова серија на победи и тоа на 3 јуни во Кардиф или пак италијанците во целост ќе ја прекината шпанската доминација.