Јувентус го има еден од најлошите стартови во поновата историја, па после три кола освои само еден бод.
Масимилиано Алегри триумфално се врати ова лето на клупата, но после катастрофалните резултати неговата позиција е разнишата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Обложувалниците во Италија повеќе не му веруваат на Алегри и квотата дека ќе добие отказ драстично падна.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус веќе има пронајдено замена, а станува збор за Зинедин Зидан, кој во моментов е без ангажман.
„Бјанконерите“ не сакаат да брзаат и ќе му дадат уште време на Алегри, но веќе оствариле контакт со Зидан.