Дома Фудбал Лига на шампиони Коста ја продолжува војната: Конте доби „мило за драго“ (ФОТО)

Коста ја продолжува војната: Конте доби „мило за драго“ (ФОТО)

Диего Коста од 2014. до 2017. година со успех го носеше дресот на Челзи, а потоа дојде до „затегнување на односите“ со тренерот, Антонио Конте, па шпанскиот напаѓач не се раздели на најубав начин со италијанскиот стратег и својот некогашен клуб.

Конте одлучи да го прешкрта Коста, па на неговото место пристигна Алваро Мората. Коста летото 2017. година „исчезнуваше“ од Челзи, за на крајот да се врати во својот некогашен клуб, Атлетико Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој од јануари оваа година конечно стекна право за настап за „Јорганџиите“, но војната на релација Коста- Конте се уште трае.

Така Коста вечерва преку ТВ екраните го пратеше дуелот на Челзи и Барселона во осминафиналето во ЛШ. Челзи беше поразен со 3:0, па се прости од ЛШ, а Конте зададе дополнителен удар за Конте.

Коста на вечерашната средба ја бодреше својата некогашна екипа, а на своето инстаграм стори сподели фотографија на составот на Челзи за вечерашниот меч, но се потруди да му врати на Конте „мило за драго“.

Како што Конте го прешкрта Коста во екипата на Челзи, така и напаѓачот на Алтетико денес на фотографијата го прешкрта предводникот на Плавите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…