Дома Трансфер зона Коста има надеж – Денеска може да се оствари неговиот трансфер во Атлетико Мадрид

Коста има надеж – Денеска може да се оствари неговиот трансфер во Атлетико Мадрид

Трансфер периодот е завршен во повеќето европски лиги, сепак тој во Шпанија ќе биде затворен вечерва, па можноста Диего Коста конечно да се пресели во Атлетико Мадрид се уште постои.

Имено, до сега сите се запознаети со трансфер сагата на напаѓачот на Челзи. Тој стана „вишок“ на „Стемфорд Бриџ“, па затоа сакаше да се врати во редовите на Атлетико Мадрид. За неговото враќање во редовите на Атлетико се шпекулираше со месеци, исто како и за висината на оштетата за која Атлетико ќе ја плати, но потврда за трансферот се уште нема.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Иако трансфер периодот во Англија е завршен, тоа не е случај во Шпанија, па шпанските клубови уште денеска можат да доведат фудбалери.

Британските медиуми соопштуваат дека денеска Атлетико и Челзи ќе ги одржат финалните преговори за да го договорат трансферот на Коста, а дали враќањето на Диего Коста во Атлетико Мадрид на крајот ќе се оствари, ќе дознаеме денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…