Костарика приреди изненадување и ја победи Јапонија со 1:0, со што додатно ја направи интересна ситуацијата во групата Е.
Јапонија беше подобар противник, создаваше шанси, но не успеа да го совлада расположениот Кејлор Навас.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тоа го казни Костарика и постигна гол преку Кејшер Фулер во 83-та минута, кој на крајот се покажа како пресуден.
По оваа победа, Шпанија, Јапонија и Костарика имаат по 3 поени во групата, додека Германците пред вечерашниот клучен меч со Шпанија се без бодови и сигурно ќе биде интересно до самиот крај.