Eкипата на Маруси од Грција на домашен терен вчера славеше победа против Пеќ од Косово (98:75), а овој натпревар го привлече вниманието поради потегот на косовскиот кошаркар Анди Ахмети.
Имено, младиот кошаркар по крајот на натпреварот одби да се поздрави со поранешниот репрезентативец на Србија Мирослав Радуљица. Во прв момент тој ја игнорираше подадената рака, а потоа и му испрати остар поглед.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Двете екипи треба да одиграат и реванш натпревар на 27 септември во Приштина.