Дома Фудбал Останато Косово со жалба до УЕФА поради славјето на Србите

Косово со жалба до УЕФА поради славјето на Србите

Фудбалската федерација на Косово реагираше кај УЕФА на прославата на српските фудбалери по пласманот на светското првенство.

Србија ја победи Португалија и обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар, фудбалерите прославуваа со „три прста“, и пееја националистички песни, тврдат од Косово кој се жали во УЕФА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„ФФК ќе испрати жалба до УЕФА и ФИФА во врска со постапките на српските фудбалери, кои по натпреварот со Португалија се појавија во маици со иредентистички и националистички натписи“, објави Фудбалската федерација на Косово.

Освен маичките на кои Косово е составен дел од Србија, Косоварите како проблем ги потенцираат и песните кои ги пееја српските фуидбалери, како и гестикулирањето со симболот три прсти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…